За да напредувате ви својот личен развој, потребно е да се свртите кон своите емоции а не да се обидувате да ги потиснете или да ги избегнете, затоа што настојувањето да се избегне негативнота емоција води кон уште посилно потиснување кое бара многу напор, предизвикува чувство на вина, затоа што емоциите се силна енергија која бара начин како да ја оствари својата мотивација.
Ако се обидувате на ментално ниво да препознаете кои се деловите во вас кои го отежнуваат, попречуваат вашето напредување, многу тешко ќе ги препознаете. Оние емоции за чие постоење сте свесни, не се клучни. Токму тие затоа што се свесни, не ги доживувате за толку опасни за да ги потиснете. Важно е да научите да ги препознавате оние емоции кои за момент ќе дојдат во свеста и речиси истовремено ќе бидат потиснати. Мотивација за таквото брзо потиснување или е изразена непријатност која ја доживувате со самата свесност за емоцијата или свеста за неа е потполно ирационална, деструктивна, следена со чувство на вина или страв деструктивноста да не излезе на површина.
Зошто не умеете да погледнете длабоко во своите најсокриени делови, да бидете целосно искрени кон себе? Во прашање е потисната омраза кон себе, која не ви дозволува да погледнете во своите деструктивни емоции, без изразито силно чувство на вина и рушење на внимателно изградената слика за себе. Обрнете особено внимание на оние емоции кои најтешко може да ги поднесете во реалноста. Забележете ги сите ситуации во кои се обидувате со нешто (цигари, храна, ТВ, компјутер, книги па и други креативни начини), да си го отргнете вниманието од вашите емоции. Забележете во кои животни ситуации спонтано се обидувате да ги одбегнете затоа што стравувате со нив да се соочите. Обидете се да откриете кои чувства ги очекувате токму во тие ситуации.
Научите внимателно да се набљудувате себеси, за да го откриете спонтаното од несвесното потиснувањена емоциите. Со тек на време, ќе научите да ги препознавате и дозволите во свеста да ви дојдат емоционални импулси кои ви се тешко прифатливи (на пример: ирационална лутина, завист, себичност, безпричински негативен однос кон другите, обвинување на другите, играње улога на жртва, потреба да се биде подобар од другите, срам и слично). На почетокот, засилената свест за тие емоции може да ви роди сомнеж дали навистина сте таква личност каква дотогаш сама себе сте се гледале, па на површина може да излезат многу чувства кои дотогаш сте ги потиснувале.
Но, дури кога ќе ги исклучите сите свои критериуми и очекувања од себе, може да го осознаете подлабокото ниво на вашите чувства кои се под оклопот на „негативност“, за да тогаш го пронајдете својот вистински идентитет - да ги препознаете своите длабоки и суптилно силно пријатни внатрешни доживувања кои заради потиснувањето не сте можеле да ги препознаете.