Ослободете се од потиснатите емоции, запознајте го вашето внатрешно дете


Се чувствувате повредено, разочарано, жално, осамено, изолирано со чувство како другите не ве разбираат и не ви ја даваат поддршката која ја очекувате? Неможете да превземете лична одговорност, незрело постапувате со цела низа негативни убедувања и слабости како пречувствителност, лутење, (бес), тага, иритираност и чувство дека сте жртва? Се плашите да кажете „не“? Во односите со другите, вашите лични граници се многу слаби? И кога се во прашање врските, имате доста проблеми? Премногу јадете, пиете, пушите, шопингувате, премногу работите и се грижите? Дали другите ги обвинувате за вашата болка? Или, можеби сакате вашето минато едноставно да исчезне? Дали во ова можеби се препознавте? Барате некакво решение, излез од ситуацијата во која се наоѓате?

Дојдете на едукативна работилница: ,,Ослободете се од потиснатите емоции, запознајте го внатрешното дете“ за да научите како чекор по чекор да се вратите во минатото и да ги совладате раните што во себе ги носите. Ќе ви помогнеме да воспоставите комуникација со вашите внатрешни деца, кои во себе ги носат вашите најболни и најпотиснати чувства кои како дете не сте можеле да ги изразите.Тие во себе ги носат вашиот страв, лутина, срам, очајност, тага, осаменост, отфрленост, напуштеност...Но, тие го носат и твоето уживање, радост,среќа, возбуда.. И вие некогаш сте биле она мало дете. Ведро, моќно, разиграно со соништа во боја на виножитото. Како растевте, малку по малку, заборавивте на вашето внатрешно дете. А тоа, трпеливо со очи полни со надеж, го чекало моментот кога повторно ќе се сретнете. Можеби некогаш и ве повлекло за ракав за да го видите, но вие или не сте знаеле или не сте сакале со него да се сретнете...И тоа дете во вас уште како мало научило дека не е безбедно да „чувствуваш“,зошто така ќе биде повредено.

Сега сте возрасни? Што е поразлично од тогаш? Продолжувате да се однесувате исто така како кога сте биле мали. Низ овие ваши сегашни однесувања, го изразувате вашиот страв од љубов, неспособноста да кажете „не“, самокритичноста, срамот...А сето ова станува образец кој се меша во вашата професија, личниот живот, самодовербата. Чувствата кои во себе ги носите од детството се јавуваат во ситуации кои барем по нешто ќе ве потсетат на минатото. А нив, тие „потсетници“ ги има толку, толку многу. И тогаш, тие стари чувства оживуваат и ве враќаат во времето на старите повреди. И така ве држат заробени во вашето минато. Не ви даваат да живеете овде и сега со полни гради.

Како да се исцелат таквите и слични на ним чувства? Како да се ослободите од своето минато? Потребен ви е „рецепт“ за тоа? Го имате! Дојдете на оваа едукативна работилница: ,,Oслoбoдете се oд пoтиснaтите емoции, зaпoзнaјте гo вaшетo внaтрешнo дете", зa дa научите низ бројни вежби, како да го запознаете вашето внатрешно дете и со него да воспоставите дијалог. Ќе научите како да му помогнете и да ги излекувате старите рани од минатото. Ќе научите како да ги препознаете и како да работите со деловите во вас кои го преставуваат вашето внатрешно дете - она кое во минатото е заглавено. Немојте да се грижите што со години сте го потиснувале и игнорирале. Сега е вистинскиот момент да му испратите љубов и да го прегрнете. Да се сакате себеси значи да се негува детето кое некогаш сте биле. Заштите го! Утешите го! Смирете го!
 

За работилницата

Датум на одржување: 23.11.2017 (четврток), 18:30 – 20:30 часот 

Место на одржување: ул. Смилевска 12Б, Скопје - Ѓорче Петров

Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт

Котизација: 1000 денари

Контакт: 070/585-033, 078/335-957.

Напомена: Сите заинтересирани за учество на оваа работилница, задолжително да се пријават на наведените контакт телефони, најдоцна до 23ти Ноември  (четврток) до 14:00 часот
 

 

Наши едукации