Стекни поголема самодоверба

Сe чувствувате  несигурно и имате чувство на помала вредност? Сакате да имате поисполнет живот од овој кој сега го живеете? Но, стравовите ве кочат и се откажувате од превземање било каков чекор кој ќе ве „извади“ од состојбата на несигурност. Се срамите и се плашите од тоа да бидете отфрлени и критикувани? Имате чувство на помала вредност и вина кога за тоа нема видливa причина? Колку пати самите за себе си кажавте дека сте бескорисни, безвредни, непривлечни, губитници? Колку себеси не се сакате, колкава лоша слика за себе имате? Кажавте доста е, ќе свртам нова страница во мојот живот. Еве решителност. Но, истата таа се руши како снежна кула, кога на другите повторно им кажувате: „да“, а толку многу сакавте да им кажете: „не“...

Што е причина за сето ова што ви се случува? Вашата ниска самодоверба! Сега е вистинско време да и кажете и доста е и збогум! Соочете се со предизвикот наречен висока и здрава самодоверба. Дојдете на нашата едукативна работилница: СТЕКНИ ПОГОЛЕМА САМОДОВЕРБА“ која ја организирa Центарот за едукација, советување и личен развој Imago-Self, заедно со м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт. Ви нудиме испробани функционални и конкретни методи, техники и вежби кои ќе ви помогнат да  стекнете самодоверба. Ќе ви помогнеме да го промените негативното мислење за себе и негативната самооценка која си ја давате. Ќе престанете да бидете премногу самокритични, постојано себеси да се исмејувате, сомневате и самообвинувате....

Изградувањето на висока и здрава самодоверба не е невозможна мисија. Знаеме дека во овие два часа едукација, сето она што подразбира градење здрава самодоверба невозможно е да се направи. Ве чека работа. Ова е само почеток на еден процес, во кој од корен ќе ви се смени животот. Ќе се уверите дека чекорот кој сте го направиле е најдобрата инвестиција која за себе сте ја направиле. Ве очекуваме!

 
 

За работилницата

Датум на одржување: 02.02.2017 (четврток), 18:30 – 20:30 часот

Место на одржување: Public Room (Јавна Соба), 50 та Дивизија 22, 1000 Скопје

Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт

Котизација: 1000 денари

Контакт: 070/585-033, 078/335-957.

Напомена: Пријавувањето можете да го направите заклучно со втори Февруари до 14:00 часот
.

Пријавувањето е задолжително
 

 

Наши едукации