Внатрешна трансформација - справете се со негативните мисли и емоции


Негативните мисли ви го расипуваат расположението, ви ги нарушуваат концентрацијата, мотивацијата и чувството дека врз себе имате контрола. И штетат на вашата самодоверба и ефикасност и ги парализираат вашите ментални вештини. Упорни се, траат и се јавуваат независно од вашата волја. Со нив почето ќе се сретнете кога се плашите за вашата иднина, кога си ја намалувате сопствената вредност, се самокритикувате, се сомневате во вашите способности или очекувате некаков пораз. Во вашиот ум знаат да се вовлечат и кога свесно не сте ги повикале. Зошто вашиот ум ви создава негативни мисли? Заради негативните чувства кои ги имате, а не сте ги прифатиле. Заради стравот, анксиозноста, бесот, очајноста, чувството на вина, како и други негативни чувства со кои се борите. Тие чувства го тераат вашиот ум да создава негативни мисли и тие мисли се дел од тие негативни чувства.
.

Со вашите негативни мисли престанете да се борите, да ги анализирате и премногу внимание да им посветувате. На тој начин ги храните и им давате сила и моќ. Ако дозволите долго време во вас да опстојуваат стануваат ваш внатрешен негативен говор. Кога умот е негативен, се јавуваат негативни чувства. Така извесен временски период се чувствувате повредено, тажно, исплашено, несреќно, луто, круто, ирационално, безвредно, несакано, анксиозно...


И по кој знае кој пат, повторно пред вашите негативни емоции замижувате. Ги игнорирате, осудувате и против нив се борите. Можеби и не сте свесни дека тоа го правите. Заради негативните емоции чувствувате како да сте ја изгубиле животната среќа и радост. Длабоките издишувања, притисокот во градите, црни сценарија во главата, повлекување од социјалниот живот, чувство дека ништо веќе нема смисол...Сте станале„роб“ на вашите негативни емоци. Мислите дека со нив ќе се справите ако длабоко во себе ги потиснете? Во заблуда сте. Тие се потиснати, а тоа не значи дека исчезнале. Тоа не само што не ви е решение, туку може да ви создаде и некое соматско заболување, особено ако негативните емоции веќе подолг временски период се дел од вашето секојдневие..

Негативните мисли и емоции не се ваша судбина. Ние, за вас го имаме вистинското решение! Дојдете на нашата едукативна работилница:,,Внатрешна трансформација - справете се со негативните мисли и емоции“, која ќе се одржи во Јавна Соба на 17ти Декември (недела) од 11:00 – 13:00 часот,  за да низ конкретни, практично применливи техники, вежби научете како со негативните мисли и  емоции да се справите. Онака како мислите, така и се чувствувате, а како се чувствувате така и се однесувате.
 
 
 

За работилницата

Датум на одржување: 17.12.2017 (недела), 11:00 – 13:00 часот 

Место на одржување: Public Room (Јавна Соба), 50 та Дивизија 22, 1000 Скопје

Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт

Котизација: 1000 денари

Контакт: 070/585-033, 078/335-957.

Напомена: Сите заинтересирани за учество на оваа работилница, задолжително да се пријават на наведените контакт телефони, најдоцна до 16 ти Декември  (сабота) до 14:00 часот
 

 

Наши едукации