Се чувствувате АНКСИОЗНО ? Имате чувство како да сте на ивица, напнати сте, испаничени, пренервозни, загрижени дека вам или на некој ваш близок ќе му се случи нешто лошо, а вие тоа нема да можете да го спречите? Заради анксиозноста, чувствувате телесни симптоми како мускулна напнатост, потење, неконтролирано тресење, бледило, чувство на гушење и задишаност, забрзано дишење, чувство на трема, мачнина, дијареа, болки во главата, грбот, несоница, неправилна работа на срцето, кнедла во грлото и потешкотии со голтање, сува уста, слабост и трпки во рацете и нозете. Надуеност и гасови, грчеви во прстите и зевање.
Имате ПАНИЧНИ НАПАДИ? Не гледате никаква видлива причина за тие да се појават? Штом се појавиле, почнуваат забрзано да се зацврстуваат, а вие сето тоа не можете да го поднесете? Што доживувате? Интезивен страв проследен со чувство на смртна опасност, губење контрола и допир со реалноста. Заради стравот од лудило, смрт или несвестица, се чувствувате ужасно и безнадежно. Ви се јавува силна потреба да побегнете за да сето тоа го спречите. Се соочувате со вртоглавица, тресење, препотување ,потешкотии со дишењето, болки и притисок во градите.
Мислите како морате да побегнете, Сте влегле во еден затворен круг. Пред нападот на паника се чувствувате мали, ситни, безпомошни. Ве преплашува мислата дека над ситуацијата што ви се случува, вие немате контрола. Станувате дополнително преплашени.
ДОСТА ВИ Е ОД СЕТО ОВА? Заслужувате да живеете живот ослободен од анксиозност и панични напади! Ние ќе ви помогнеме тоа да го постигнете, зошто го имаме вистинското решение на вашиот проблем. Дојдете на нашата едукативна работилница, за да низ веќе испробани техники, вежби, методи научите како сето тоа да го постигнете. Работилницата ќе ја води м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт.
На оваа работилница ќе имате единствена можност, низ практични вежби и техники да дознаете како со вашата анксиозност и паничните напади да се справите.
Датум на одржување: 22.05.2018 (вторник), 18:30 – 20:30 часот
Место на одржување: Public Room (Јавна Соба), 50 та Дивизија 22, 1000 Скопје
Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт
Котизација: 1000 денари
Контакт: 070/585-033, 078/335-957.
Напомена: Сите заинтересирани за учество на оваа работилница, задолжително да се пријават на наведените контакт телефони, најдоцна до 22 ри Мај (вторник) до 14:00 часот