Постојано се самокритикувате. Си лепите навредливи етикети. Слушате како внатрешниот критички глас ве навредува, понижува, обесхрабрува, блокира и прогнозира неуспех. Вашиот внатрешент критичар или самосаботер ви прогнозира неуспех и ви буди катастрофални очекувања, црни мисли, чувство на вина, напнатост, незадоволство, страв. Ви одредува како треба да изгледате, што да работите, со кого да бидете, што да говорите, колку лично вредите. Ве критикува во однос на вашата работа, партнерот, семејството, физичкиот изглед, личните постигнувања, цели кои сте си ги поставиле... Списокот на неговите критики е премногу долг. Може да стане толку многу гласен што, ви втерува страв и од најмала грешка. Внатрешниот критичар прави да се чувствувате несигурни самите во себе. А кога сте несигурни, имате непријатни чувства на сомневања, страв, срам и безнадежност. Мислите дека сте сте неспособни и недостојни за вистинска среќа. Низ животот се движите убедени дека другите ве сметаат за неспособни и неуспешни. Сте ја загубиле сопствената самодоверба.
Кога немате самодоверба срамежливи сте и ги одбегнувате интимните и социјалните односи. Фрустрирани сте и внатрешно незадоволни. Себе се сметате за неспособни, преплашени сте, особено кога треба да донесете некоја одлука. Во друштво одбегнувате да говорите, зошто мислите дека ќе кажете нешто погрешно, глупаво и дека ќе бидете исмеани. За себе имате негативна слика и вашиот внатрешен критичар е премногу ригиден- строг. Ве оптеретуваат негативни мисли и недоволно внимание себе си посветувате. Однапред размислувате за неуспех. Си поставувате нереални и превисоки цели. Знаете повремено во себе да се затворите и да се повлечете пред првата пречка. Во себе не вложувате и имате вишок на слободно време, со кое не знаете што да правите. Понекогаш знаете другите да ги понижите за себе да си дадете некаква вредност. Не умеете да кажете „не“. И да ги дефинирате сопствените граници. Неуспехот ве деморализира и брзо се откажувате од поставената цел. Може да се препознаете и преку држењето на вашето тело, спуштениот поглед и наведнатата глава.
Отворете нова животна страница. Научете како да го замолчете внатрешен критички глас и како да ја зголемите својата самодоверба. На оваа работилница, која ќе се одржи на 19ти Јуни 2017 година, од 18:30 – 20:30 часот, во Јавна Соба во Скопје, низ бројни испробани вежби, техники, и методи кои на едукативната работилница ќе ви бидат презентирани, ќе ви помогнеме да научите како внатрешниот критичар да го замолчете и како да си зголемите вашата самодоверба. Висока и здрава самодоверба, како и учење како да престанете себе си негативно да се самооценувате и критикувате, не е невозможна мисија. Дојдете и сами во тоа уверете се!
Датум на одржување: 19.06.2017 (понеделник), 18:30 – 20:30 часот
Место на одржување: Public Room (Јавна Соба), 50 та Дивизија 22, 1000 Скопје
Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт
Котизација: 1000 денари
Контакт: 070/585-033, 078/335-957.
Напомена: Оваа работилница требаше да се одржи на 14ти Јуни (четврток), но од оправдани причини истата се одложи и ќе се одржи на 19ти Јуни. Пријавувањето за работилницата можете да го направите заклучно со 19ти Јуни до 14:00 часот
.
Пријавувањето е задолжително