Зголемете ја самодовербата


Сe чувствувате  несигурно и имате чувство на помала вредност? Сакате да имате поисполнет живот од овој кој сега го живеете? Но, стравовите ве кочат и се откажувате од превземање било каков чекор кој ќе ве „извади“ од состојбата на несигурност. Се срамите и се плашите од тоа да бидете отфрлени и критикувани? Имате чувство на помала вредност и вина кога за тоа нема видливa причина? Колку пати самите за себе си кажавте дека сте бескорисни, безвредни, непривлечни, губитници? Колку себеси не се сакате, колкава лоша слика за себе имате? Кажавте доста е, ќе свртам нова страница во мојот живот. Еве решителност. Но, истата таа се руши како снежна кула, кога на другите повторно им кажувате: „да“, а толку многу сакавте да им кажете: „не“...

Колку пати самите за себе си кажавте дека сте бескорисни, безвредни, непривлечни, губитници? Низ животот се движите сосема уверени дека другите ве сметаат за неспособни и неуспешни. Сте ја загубиле својата лична моќ и независно каква одлука да донесете или по кој пат да тргнете, мислите дека ќе згрешите. Веќе ви станало навика  врз себе да ја превземате целата вина на овој свет, се сметате за неспособни да ги остварите животните цели и редовно го потценувате својот потенцијал и можностите. Несигурноста ве спречува да ги исполните своите желби и станувате уверени дека не заслужувате да бидете среќни.

Не умеете на другите да им кажете „не“. Немате дефинирани лични граници. Постојано себеси се преиспитувате дали сте донеле исправна одлука и дали работите добро сте ги направиле. Сe чувствувате несигурно и имате чувство на помала вредност. Се срамите и се плашите од тоа да бидете отфрлени и критикувани. Имате чувство на помала вредност и вина кога за тоа нема видливa причина. 

Што е причина за сето ова што ви се случува? Ниската самодоверба! Сега е вистинско време да и кажете и доста е и збогум! Соочете се со предизвикот наречен висока и здрава самодоверба.Изградувањето на висока и здрава самодоверба не е невозможна мисија. Знаеме дека во овие два часа едукација, сето она што подразбира градење здрава самодоверба невозможно е да се направи. Ве чека работа. Ова е само почеток на еден процес, во кој од корен ќе ви се смени животот. Ќе се уверите дека чекорот кој сте го направиле е најдобрата инвестиција која за себе сте ја направиле. Ве очекуваме!

Дојдете на нашата едукативна работилница: ,,“ЗГОЛЕМИ ЈА САМОДОВЕРБАТА која ќе се одржи на 24.02.2018 година (сабота) од 17:00 - 19:00 часот во Јавна Соба во Скопје. Ви нудиме испробани функционални и конкретни методи, техники и вежби кои ќе ви помогнат да ја зголемите својата самодоверба.


-Престанете да бидете парализиран од својата неодлучност и несигурност 
-Надминете ги потсвесните стравови и сомневања.
-Стекнете оптимизам. 
-Дефинирајте ја насоката  по која во животот ќе се движите.
-Научите како себеси да се сакате и самопочитувате.
-Научете како да носите одлуки без страв и како неуспехот храбро да го прифатите.
-Изградите позитивна слика за себе.
-Станете оптимист.
 
 

За работилницата

Датум на одржување: 24.02.2018 (сабота), 17:00 – 19:00 часот 

Место на одржување: Public Room (Јавна Соба), 50 та Дивизија 22, 1000 Скопје

Едукатор: м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт

Котизација: 1000 денари

Контакт: 070/585-033, 078/335-957.

Напомена: Сите заинтересирани за учество на оваа работилница, задолжително да се пријават на наведените контакт телефони, најдоцна до 24 ти Февруари  (сабота) до 14:00 часот
 

 

Наши едукации